Црна хроника
Поднесено обвинение против седуммина учесници на протестот за „Монструм“
Основното јавно обвинителство Скопје, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против шестемина учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“, а за кои претходно беше поведена постапка и им беше определена мерка притвор.
Сите се обвинети за кривично дело учество во толпа. Заедно со обвинителниот предлог, скопското Обвинителство предложи и да им биде продолжена притворската мерка со цел нивно обезбедување во текот на кривичната постапка.
За истото кривично дело поднесен е обвинителен предлог и против уште едно лице за кое Обвинителството на судот денеска му предложи да определи мерка притвор поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Основното јавно обвинителство Скопје ги гони седумтемина обвинети бидејќи на 26 февруари, како учесници на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“, биле дел од толпата што со заедничко дејствување сториле насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, обвинетите и други засега непознати лица почнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници фрлајќи со камења, бекатон-плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, тешки телесни повреди добил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.
Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со возило се обидел да удри работници
Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата од Н.К. од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.
Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

