Црна хроника
Прегазени двајца пешаци во Тетово и Битола
Двајца пешаци биле прегазени од возила во Тетово и во Битола.
Според информациите од дневниот билтен на МВР, и двата настана се случиле во текот на вчерашниот ден, а пешаците добиле тешки телесни повреди.
„На 9.12.2021, во 17.50 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Скопје, кај с. Групчин, патничко возило ‘опел вектра’, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М. С. (69) од тетовска Палатица, удрило во пешакот М. С. (71). Во несреќата М. С. добила тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
На 9.12.2021, во 12.05 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од уливата Арон Ароести и улицата 8 Септември во Битола, товарно возило ‘пежо експерт’, со битолски регистарски ознаки, управувано од И. Т. (35) од Битола, удрило во пешакот Д. Д. (66) од Битола. Во несреќата Д. Д. добил тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.