Црна хроника
Претрес во Битолско и Ресенско, пронајдени пушки и муниција
Kриминалистичката полиција при СВР Битола со наредба од Основниот суд извршила претрес во Битолско и Ресенско, при што во с. Езерани, Ресенско, во домот на Г. А. (44) од с. Езерани биле пронајдени 19 парчиња муниција во различен калибар.
При претрес во куќа во с. Цапари, Битолско, сопственост на Ј. М. (29) од с. Цапари, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки во калибар од 12 мм и една воздушна пушка во калибар од 4,5 мм, а при претрес во домот на П. Т. (57) во с. Ротино, Битолско, пронајдени и одземени се еден карабин, една ловна пушка, муниција за двете оружја и друга муниција.
Трите лица биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

