Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, приведени пет лица
Вчера попладне, во 12 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода 38-годишниот Д. С., 35-годишниот Р. А., 31-годишниот Д. В., 28-годишниот Д. Т., сите од Свети Николе, и 23-годишната А. П. од село Горобинци, Светиниколско, извести МВР.
„Имено, при контрола на патничко возило во кое се превезувале Д. С. и Р. А. кај Д.С. била пронајдена и одземена прашеста материја, која ја купил од Д. В. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д. Т., каде што ги затекнале Д. В. и А. П., при што била пронајдена и одземена прашестата материја“, соопшти МВР.
Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец во дворот пронашол залутано зрно од огнено оружје
Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
35-годишен Кавадаречанец му се заканувал на градоначалникот на општината
Закани од 35 годишен Кавадарчанец добил градоначалникот на Општина Карвадрци, Митко Јанчев.
Вчера во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на својот татко со сериозна закана дека ќе посегне по неговиот живот.
На 18 мај осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од мајка си кажувајќи ѝ дека мора да ги има парите. На тоа реагирал таткото, кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша.
Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор.
Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.