Црна хроника
Приведена скопјанка барана со потерница

Скопјанка по која била распишана потерница била приведена од страна на полицијата.
Имено, денеска, во 9.35 часот, на улицата Трета македонска бригада во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги ја лишиле од слобода О. Л. (37) од Скопје, која е барана со потерница од Основен суд – Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.