Црна хроника
Приведена скопјанка, уценувала маж со компромитирачки материјали
Скопјанка уценувала маж дека ако не ѝ даде пари, ќе објави фотографии и видео со компромитирачка содржина на социјалните мрежи.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ. К. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена, казниво по член 259 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека го уценувала Д. И. (59) од Скопје оти на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видеоматеријал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари.
По преземените мерки од полициски службеници при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, Џ. К. била лишена од слобода и кај неа бил пронајден дел од парите што ги добила од оштетениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

