Црна хроника
Продолжува ловот на бесните моторџии, пријави за уште 21 лице
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците Џон Кенеди, Лазо Трповски и Втора Македонска бригада.
Така, и во текот на изминатата ноќ биле извршени контроли и притоа биле регистрирани 21 прекршок за кои се издадени 21 платен налог на прекршителите. Двајца од учесниците немале лични документи и документи за мотоциклите и затоа биле приведени во Полициската станица Бит-пазар за понатамошна постапка.
Во претходните две акции на полицијата беа регистрирани 38 прекршоци. Секторот за внатрешни работи Скопје и во наредните денови ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.