Црна хроника
Семејството било застрелано со пиштол во својот дом, се истражуваат мотивите
Тројното убиство во Дебар се случило синоќа околу 21 часот на улицата 1 Мај кога во својот дом биле застрелани 54-годишен маж, неговата сопруга и нивната 13-годишна ќерка. Неофицијално, станува збор за членови на семејството Поцеста, кои привремено живееле во Италија.
,,На 26.8.2018 година во 20.45 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улицата 1-Мај во Дебар извршено e убиство. Засега непознат сторител влегол во куќата, сопственост на А.П. (54), и пукал кон него со пиштол по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П. (53) и 14-годишната ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот, информираат од полицијата.
Во текот на ноќта екипи на полицијата вршеле увид на местото на убиството.
Мотивите за тројното убиство се непознати, но соседите шпекулираат дека можна причина за тоа се расправии за имот.
Истрагата е во надлежност на Јавното обвинителство од Гостивар. Оттаму информираа дека во приватна куќа во Дебар пронајдени се безживотни тела на три лица. Според првичните сознанија, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од 13 години – кое привремено живеело во Италија. Сторителот засега е непознат.
Обвинителството издадало серија наредби за прибирање траги од самото место, вештачења и претреси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.