Топ
Скопјанец загина во сообраќајна незгода во Капиштец, со мотор удрил во ограда

Дваесет и осумгодишен скопјанец синоќа почина кога со мотор удрил во ограда на улицата Елисие Поповски-Марко“.
Според информациите, во несреќата тешко е повредена и сопатничката Г. С. (27) од Скопје.
По несреќата, Љ. А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата работа

Беелата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата услуга, откако милијардерот објави дека ја прекинува својата вклученост во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави портпаролката на претседателот.
„Му благодариме за неговата работа. Му благодариме што го основаше DOGE (кратенка од неговиот Оддел за владина ефикасност), а напорите за намалување на измамите и злоупотребата ќе продолжат“, им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.
Таа одби дополнително да коментира за заминувањето на милијардерот кој оваа недела првпат го критикуваше неговиот близок сојузник Трамп.
Маск вчера потврди дека ја завршува својата мисија за намалување на федералните трошоци.
„Како што завршува мојот мандат како специјален вработен во владата, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп што ми даде можност да ги намалам непотребните трошоци“, напиша претприемачот во средата на својата платформа за социјалните медиуми „Икс“.
„Мисијата Doge ќе стане уште посилна во иднина и ќе стане начин на живот во владата“, рече шефот на „Тесла, „Слејс Икс“ и „Икс“.
Членовите на администрацијата на Трамп ќе работат со персоналот на DOGE во различни федерални агенции за да ги унапредат постоечките напори, објави во четвртокот Белата куќа.
Министрите тесно соработуваа со Илон Маск и ќе продолжат да соработуваат со вработените во DOGE кои им се приклучија на сите овие агенции откако беа назначени од претседателот, изјави Левит за новинарите.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.
Македонија
Пет месеци откако исчезна, Миле Тодоров виден кај планината Серта

Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров кој се води за исчезнат од јануари, наводно бил забележан додека се движел покрај планината „Серта“.
Во објава на социјалните мрежи, чијашто автентичност е потврдена од семејството и полицијата, се вели дека очевидец го забележал на планината Серта на релација Неготино-Штип. Бил ослабнат со долга коса и брада.
Се апелира доколку некој го забележи да пријави во МВР.
Миле последен пат бил виден на 30 јануари, годинава, во Марена, околу 10.30 часот. Во објавата за неговото исчезнување стои дека бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек.