Црна хроника
Скопјанец обвинет за убиство на партнерката
Скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице кое се товари за убиство.
Убиството се случило пред три месеци, кога мажот во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот жената со која живеел во вонбрачна заедница.
„На 03.08.2019 година, во куќа на улицата „Гарибалди“, настанала вербална расправија меѓу двајцата, при што обвинетиот со остар предмет и нанел на оштетената две убодни рани во пределот на вратот, а со тап предмет ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе тешки телесни повреди – скршеници и подливи. Како последица на нанесените повреди, оштетената починала“, велат од Обвинителството.
До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците, а особено имајќи ја предвид висината на запретената санкција за кривичното дело кое му се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.