Црна хроника
Скопјанец се застрелал со ловна пушка во Галичник
На регионалниот пат Маврово – Маврови Анови, на совозачко седиште во паркирано возило, бил затекнат повреден 54-годишен маж од Скопје. По кажување на возачот на возилото, О. Р. (45) од Скопје, додека двајцата, заедно со Н. Д. (29) од с. Маврово, биле на местото наречено Тонивода, атар на с. Галичник, каде што пукале во мета, М. В. се повредил од ловна пушка „карабин“, сопственост на О. Р.
Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била констатирана тешка телесна повреда.
За настанот е известен јавен обвинител, а од полициски службеници од СВР Тетово ловната пушка била подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Загина 46-годишен маж од Струмичко: со возилото се превртел на патот
Вчера во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртело на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица и по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Топ
Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал
31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата.
Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник од ресенско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.
На 29.09.2025, пријавениот се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал.
Црна хроника
Нападнати деца во Центар и Аеродром, полицијата работи на случаите
Во полицијата во Скопје биле пријавени два одделни инцидента на физички напади врз малолетни лица што се случиле во петокот, 31 октомври.
Во првиот случај, 36-годишна скопјанка пријавила дека околу 18:30 часот, на подрачјето на општина Центар, нејзиниот 15-годишен син и 14-годишната ќерка биле физички нападнати од непознат маж.
Неколку часа подоцна, во 21 часот, во полицијата се обратила и 57-годишна жена од Скопје, која пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка била нападната околу 15 часот во општина Аеродром од три малолетнички што ги познавала, од кои едната користела тврд предмет.
За вториот случај е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување и на двата инцидента.

