Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во судир со трактор
Триесетгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на селото Дебриште.
Според информациите на МВР, во несреќата учествувале мотоцикл „кавасаки“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од В. Д. (30) од Прилеп, и трактор „масеи фергусон“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј. Б. (51) од с. Дебриште, Кавадаречко.
По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување лекарска помош, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.