Црна хроника
Тројца нападнале Кумановец, го однесле во блиската шума и го тепале
Кумановец на возраст од 27 години, пријавил дека три лица го нападнале, го однеле во шума и го тепале.
Како што соопшти полицијата, во саботата, во 17 часот во полициска станица во Куманово, М.Б. (27) од Куманово пријавил дека истиот ден три лица извршиле насилство врз него.
Околу 12.30 тој отишол кај негов другар и откако си заминал, во близина на Ургентниот центар бил пресретнат од пријавените, кои насилно го внесле во такси возило и го однесле во село Проевце. Потоа го однесле во блиската шума, каде физички го нападнале, по што побегнале.
М.Б. настанот го пријавил телефонски во полиција, а потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде што му била укажана медицинска помош.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на настанот./крај/со/бб
Copyright 2017 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax. Во спротивно makfax го задржува правото да го фактурира преземениот текст согласно својот ценовник и правила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

