Црна хроника
Побарани мерки за обезбедување присуство на лицата од „Мрежа“
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела.
Тие се товарат за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, поради основано сомневање дека како организирана група неовластено држеле и продавале наркотична дрога – кокаин, пронајдена кај дел од нив при личните претреси и претресите во нивните домови.
Кај двајца од осомничените е пронајден и различен вид на муниција што неовластено ја држеле, поради што против нив се води постапка и за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
По преземени истражни дејствија во текот на изминатите месеци, за сите осомничени се обезбедени материјални и други докази врз основа на кои се темели основаното сомневање за сторените кривични дела.
Од тие причини, а поради постоење на законските основи, како и заради избегнување на попречување на водењето на кривичната постапка до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесен е предлог за изрекување на мерки за обезбедување на присуство на осомничените./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.