Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајка во Аеродром
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.45 часот нa крстосницата од бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром, кога се судриле автомобил „Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (30) од Скопје и патничко возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (36) од Куманово. Во судирот, со повреди се здобиле возачите, како и сопатничката во возилото „Цитроен Ц3“, Н.А. (39) од Скопје. Сите три лица со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Кај Е.С. и Н.А. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Кај М.С. биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.