Топ
Угостител заврши во притвор – кога му дошла полицијата кршел маси, исклучил струја и им се заканувал
Сопственик на угостителски објект во Стар Дојран заврши во притвор поради спречување на полициски службеници во вршење службено дејствие и загрозување на нивната сигурност.
„На 25 јуни, осомничениот – сопственик на угостителски објект во селото Сретеново, Стар Дојран, со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, спречил двајца полициски службеници да извршат претрес на угостителскиот објект на платформа. Претресот бил врз основа на наредба на судијата на претходна постапка со цел пронаоѓање докази и траги заради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“, наведуваат од Обвинителството.
Кога полицисиките службеници пристигнале во објектот и му ја предале наредбата за претрес, осомничениот не ја примил и започнал да ги брка службените лица, упатувајќи им навреди и закани, па започнал да крши предмети – маси и столови и го исклучил кабелот за струја, прекинувајќи го доводот на електрична енергија во објектот. По ова, осомничениот бил приведен.
При претресот на објектот биле пронајдени повеќе пакувања со прашеста, грутчеста и растителна материја, кои со наредба на Основното јавно обвинителство Гевгелија се испратени на вештачење за да се утврди дали станува збор за недозволени супстанции.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице за кое постои опасност од бегство и можност да ги повтори делата. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Пресечен транспорт на 150 килограми марихуана, уапсени три лица од Скопје
Вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ.
Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски национални ознаки, во кое заедно со И.Б. сместиле наркотична дрога марихуана, при што го контактирале Г.Б. со цел моторното возило да биде шлепувано од Струга до Скопје за цена од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.
Откако пристигнале во Скопје, првопријавениот М.З. заедно со второпријавениот И.Б. побарале од третопријавениот Г.Б. за сума од 40 евра да продолжи да вози до Свети Николе, позади моторно возило „мерцедес“ во кое тие се превезувале.
На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „ивеко“ кое го шлепувало возилото „опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана. По извршено вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за 150 килограми марихуана.
Македонија
Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК).
Собранието денес со 83 гласа „за“ ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија. За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
Маричиќ доаѓа на местото на Борис Кондарко, кој, исто така, беше предлог на СДСМ.
Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.
Топ
Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе
Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Откако двајца од осомничените набавиле марихуана, ја сместиле во автомобил со странски таблички кое било купено за таа намена. Потоа го ангажирале третоосомничениот чија задача била со шлеп служба возилото со дрогата да го транспортира од Струга до Свети Николе.
Транспортот се реализирал на 26.1.2026 година при што двајцата осомничени биле претходница на шлеп возилото. Околу 22.30 часот на регионален пат во околина на Свети Николе од страна на полициски службеници биле запрени двете возила и при преглед во возилото што се транспортирало со шлеп службата во багажниот простор и задната клупа биле пронајдени 8 торби со марихуана, спакувана во 50 пакувања со вкупна тежина од 150, 0394 килограми.
Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерки за обезбедување присуство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог што судијата го прифати и со Решение им определи мерка притвор на тројцата осомничени.

