Топ
Шестмина приведени поради закани кон докторка во Ковид-центарот во „8 Септември“
Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје.

Меѓу нив е и роднина на починат кој е позитивен на коронавирусот и е спроведен во полициската станица Гази Баба од страна на полицијата со специјални протоколи, откако претходно, бил пријавен дека заедно со други лица се заканувал на докторка.

Полицијата постапуваше со целосна опрема согласно мерките за заштита од вирусот.

Десетици полицајци вечерва беа распоредени пред болницата „8 Септември” во Скопје по пријава од докторка која добивала закани од роднини на лице кое било хоспитализирано во Ковид – центарот.Пријавата во полицијата била дека лицата кои се заканувале се вооружени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Приведени десетина лица од УЈП, се вршат претреси на повеќе локации
Во рамки на предистражна постапка што се води за лица вработени во УЈП и поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес се приведени десетина лица, а истовремено се вршат претреси на повеќе локации.
„Се работи за лица вработени во УЈП, а за кривични дела допрва ќе видиме, меѓутоа првичните дела се злоупотреба на службена положба и овластување и давање мито“, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Тој додаде дека дел од комуникациите што беа презентирани во јавноста се опфатени во постапката.
Јавниот обвинител ќе предложи мерки, соопшти Коцевски кој засега не сакаше да открие за кои лица се работи, односно на кои позиции биле вработени приведените.
Овој предмет го води кочанското обвинителство.
Македонија
Приведен поранешен раководител на УЈП во акција поврзана со дискотеката „Пулс“
Во полициска акција приведен е поранешен раководител на подружница на УЈП, а опфатени се повеќе службеници и вработени, во рамки на истрага за дискотеката „Пулс“.
Од МВР најавија повеќе детали за подоцна.
„Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена“, соопшти МВР.
Македонија
Одрони, зголемен водостој на реките, расчистување на наносите: поради обилните дождови, интервенирано на повеќе локации во државата, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенирале на повеќе критични локации низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи.
На подрачјето на Битола биле ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита.
„Поради ерозијата на патот кон Пелистер и кај с. Цапари, предложено е привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на сообраќајот по патот А-3.
Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Најризичен е делот кај ул. Прилепска во Кичево, каде е побарана општинска интервенција. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали.
Во Куманово, реката Пчиња накратко излезе од коритото кај Пелинце – Стрновац, без нанесена штета. Мостовите во Коинце и Пелинце се расчистуваат од насобрани дрва и отпад, без констатирана опасност по нивната стабилност.
На регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ беше регистриран голем одрон, поради кој сообраќајот беше во прекин. Патот е расчистен по една лента, а во тек се активности за целосно обезбедување на трасата“, соопшти ЦУК.

