Топ
18-годишен прилепчанец силувал малолетничка во Кичево

18-годишен прилепчанец вршел полови дејствија врз малолетничка во Кичево, полицијата го уапси.
Имено според МВР, утрово во 00:30 часот, во ОВР Кичево од слобода бил лишен К.М.(18) од Прилеп, со привремено прстојувалиште во Кичево.
Тој, претходно, кај Сточниот пазар во Кичево, извршил полови дејствија врз малолетничка.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ловци ја бараат исчезнатата Вања и на непристапни места: МВР ја бара во градот, ние надвор од него

Исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, од вчера го бараат и ловците откако претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски, синоќа ги повика да се вклучат во потрагата. Алексовски вели дека не е првпат ловци да се вклучат во вакви потраги, тие ќе ја бараат на непристапни места, каде што полицијата засега не ја бара.
„МВР го бара исчезнатото девојче во градот, но еве веќе трет ден нема резултати оваа потрага. Девојчето можело секаде да заврши, на периферијата на Скопје, на Водно, на Скопска Црна Гора, па дури и многу подалеку. Ловците стапнуваат онаму каде што ниедна друга нога не стапнува, на непристапни места, на планини, во села. Ги повикав затоа што сметам дека може да придонесат во потрагата. И, претходно, како Ловечка федерација, сме биле вклучени во потрага по исчезнати лица, особено кога се работи за непристапен терен. Во контакт сме и со ловечките федерации од околните земји, па можеме, ако ништо повеќе, да помогнеме веста за исчезнатото девојче да стигне што подалеку. Јас сум оптимист, сметам дека сите заедно ќе успееме да го најдеме девојчето“, вели претседателот на Ловечката федерација, Алексовски, за „Макфакс“.
Тој нагласи дека секојдневно на лов на места, каде што полицијата не оди, се излезени по 25.000-30.000 ловци, а целата Федерација, во согласност со издадените дозволи за оружје од МВР, брои 100.000 члена. Алексовски вели дека нивната бројка е многу поголема од бројот на полицајци во земјата, па од тука надежите дека ќе помогнат се големи. Тој апелира скопските ловни друштва да го зголемат бројот на ловни денови за да може ловците подолго да се на терен.
14-годишната Вања исчезна во понеделникот утрото. Излегла од дома за училиште. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата. Освен полицијата, по Вања тргаат и нејзините соученици од училиштето „Јохан Хајнрих-Песталоци“, кои лепат нејзини фотографии во градот, а во потрагата се вклучени и семејството, роднини и пријатели и голем број граѓани.
Регион
Дачиќ: Состанокот на ОБСЕ во Скопје ќе биде многу тежок

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека министерскиот состанок на земјите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе биде значаен, но тежок.
„Исто така, намерата на западните земји беше да го поканат рускиот министер Сергеј Лавров да се обиде да постигне компромис во однос на буџетот и начинот на функционирање на целата организација“, изјави тој за новинарите по средбата со својот колега од Казахстан, Мурат Нуртлеу.
Тој додаде дека оваа организација е под закана, а е создадена за време на Студената војна за да биде платформа за надминување и спречување конфликти.
Дачиќ рече и дека функционирањето на ОБСЕ не е лесно имајќи предвид дека консензусот е начин на одлучување, како и сериозноста на проблемите со кои се соочува меѓународната заедница, поради војната во Украина и на Блискиот Исток.
„Таа средба во Скопје, веројатно, ќе биде многу тешка“, рече тој.
Топ
Во Косово уапсени шест лица, тројца од Македонија: фалсификувале 85.000 евра во монети

Специјалното обвинителство на Косово, косовската полиција, Дирекцијата за истрага на економски криминал и корупција, спроведоа акција при што беше идентификувана група што се занимавала со производство и дистрибуција, како и внесување фалсификувани пари на маркетот, за кој постои сомневање дека се произведувал во соседна земја со Косово, а потоа криминалните групи го дистрибуирале во земјите од регионот, извести „Косово онлајн“.
Во објава на „Фејсбук“ специјалното обвинителство наведува дека во акцијата се уапсени шестмина осомничени за кривично дело фалсификување пари (производство и промет). Како што се додава, станува збор за монети од две евра.
Исто така, тројца осомничени се државјани на Северна Македонија, а тројца на Косово.
Како резултат на оваа акција, запленети се кеси со метални монети од две евра во вредност од 85.010,00 евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Исто така, одземени се четири автомобили што ги користеле уапсените и седум мобилни телефони.
На уапсените со решение на државниот обвинител им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, а во законските рокови ќе биде поднесено барање за определување мерка притвор.