Црна хроника
Почина повредениот работник од „Бетон“
Почина градежниот работник од фирмата „Бетон“, кој во вторник тешко се повреди при пад од скеле на стадионот „Филип II“ во Скопје, каде што се гради северната трибина.
Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување соопшти денеска дека пациентот вчера попладне им подлегнал на повредите.Работникот, со тешки повреди на главата и крварење во стомакот, во вторникот беше примен на Клиниката каде му беа извршени оперативни зафати, по што тој неколку дена се бореше за живот во многу тешка состојба.Оваа недела двајца градежни работници во Скопје починаа при пад од височина.Покрај работникот на „Бетон“, вчера 30-годишен градежен работник падна од покривот на осумкатница во скопската населба Капиштец. Тој во Ургентниот центар бил донесен со тешки повреди во безживотна состојба, но лекарите сепак успеале да го реанимираат. По неколку часа и тој им подлегнал на повредите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

