Контакт

Црна хроника

Криминалот намален за речис пет отсто од лани

Објавено пред

Во областа на класичниот криминал во текот на првото полугодие се регистрирани вкупно 12.224 кривични дела, што преставува намалување за 4,9 проценти во однос на истиот период од 2008 г.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од половина кривични дела се регистрирани на подрачје на СВР Скопје 6.285 или 51,4 проценти од класичниот криминал е регистриран на скопско подрачје. Следи СВР Тетово со регистрирани 1.229 дела, Куманово со 1063 дела, Битола со 957 дела, Струмица со 922 дела, СВР Штип со 609, Охрид со регистрирани 593 и најмалку дела се регистрирани на подрачје на СВР Велес – 557. Од страна на Одделот за организиран криминал се реализирани девет дела од оваа област.Најголем број дела отпаѓаат на тешките кражби 5.607 или 45,9 проценти, додека останатите дела се застапени во помал број. Од тешките кражби, најголем број-1061 се извршени во возила, потоа во куќи и станови-803, продавници-432, викендици-181, а останатите се извршени во други објекти како што се подруми, магацини, воспитно-образовни институции, трафики, угостителски објекти, претпријатија и друго. При вршењето на тешките кражби во возила најчесто се одземани ЦД-плеери и автоделови, а во куќните кражби  пари, накит, техничка стока.МВР соопшти дека ова полугодие се регистрирани четири случаи на подметната и активирана експлозивна направа и тоа три во Скопје и една во Прилеп, сите во патнички возила. Регистрирани се и шест случаи на анонимна пријава за подметната бомба, од кои четири на подрачје на Скопје,и две на подрачје на Битола.  Од потешките облици на кривични дела со елементи на насилство се регистрирани вкупно 492  кривични дела од кои 17 убиства, 13 убиства во обид, 115 тешки телесни повреди, 20 изнуди, две уцени,  15 противправни лишувања од слобода, осум грабнувања  и 302 разбојништва. Во споредба со истиот период од 2008 година,  кога беа регистрирани  407 потешки дела со елементи на насилство, се бележи зголемување за 20,9 проценти.Расветлени се 308 дела, односно 14 убиства, 12 обиди за убиства, сите противправни лишувања од слобода, 19 изнуди, седум грабнување, две уцени,111 тешки телесни повреди,  како и 128 разбојништва. Ова полугодие се извршени 17 убиства и тоа на подрачје на Скопје – шест, три во Охрид, по две во Прилеп и Куманово, и по едно во Тетово, Крива Паланка, Велес и Штип. Мотивите најчесто биле семејни расправии, раскинати љубовни врски, нерасчистени имотни односи, како и меѓусебни расправии.  Нерасветлени останаа три убиства, две во Скопје и едно во Велес.Кај обидите за убиство, нерасветлено остана само едно кривично дело извршено во Скопје. Делата „тешка телесна повреда”-115 се зголемени во однос на истиот период од 2008 за 32,2 проценти,  но ефикасноста при нивното расчистување е на високо ниво, односно нерасветлени останале само четири дела. Повредите на жртвите најчесто им се нанесени со физичка сила, а само во осум случаи со  нож во еден случај со огнено оружје, додека мотив за извршување на овие дела се претходно настанати расправии и тепачки.Во рамките на кривичните дела против слободите и правата на граѓаните, регистрирани се осум кривични дела „грабнување„, од кои четири на подрачје на Скопје и по едно на подрачје на Охрид,Тетово, Гостивар и Куманово. Мотив за извршување на кривичните дела „грабнување„ во три случаи се нерасчистени долгови, во по два случаи меѓусебни нетрпенија и љубовни мотиви и во еден случај изнуда на пари. Како покарактеристични се грабнувањето на градоначалник од кој сторителите изнудиле 10 илјади евра за негово ослободување, како и грабнувањето лице од Лопате, извршено од четворица сторители кои физички го малтретирале за да ја напушти неговата вонбрачна сопруга инаку сестра на двајца од пријавените. Од 15-те  кривични дела „противправно лишување од слобода”, пет се извршени на подрачје на   Скопје, три во Охрид, по две на подрачје на Гостивар и Тетово и по едно во Св.Николе, Крива Паланка и Битола додека мотивите за нивно извршување се различни. Од имотните деликти со елементи на насилство, најбројни се разбојништвата – 302, кои се зголемени во однос на  првото полугодие од 2008 година, кога беа регистрирани 235 разбојништва. Расветлени се 128 разбојништва. Најзастапени ова полугодие се  разбојништвата на отворен простор – 148, поголемиот дел, односно 87 проценти се извршени на скопско подрачје. Уличните разбојништва во Скопје, најчесто се вршат на добро познатите локации  на „Кеј 13-ти Ноември”, на плоштадот „Македонија” и Градски Парк, што и вообичаено претставуваат црни точки, и тоа најчесто во временскиот период помеѓу 21 и 03,00 часот, додека сторителите претежно делувале во пар или во група.  Во случајот каде објект на вооружениот грабеж била експозитура на „Прокредит Банка“  е употребено огнено оружје, каде при пукањето тешко телесно се повредени двајца полицајци и еден случаен минувач. По преземени мерки разбојништвото во „Прокредит банка“ е расветлено, при што три лица се кривично пријавени.Од имотните деликти со елементи на насилство се регистрирани 20 кривични дела „изнуда”, од кои само едно остана нерасветлено, со што службата постигна значителни резултати во работењето. Од нив шест  се изршени во Скопје,  три во Гостивар, по  две во Тетово и Охрид и по едно во Битола, Куманово, Кавадарци, Кичево,Радовиш, Валандово и Сруга , а мотив во повеќето случаи е изнуда на парични средства поради наводен паричен долг. Од областа на делата против половата слобода и морал, ова  полугодие се регистрирани вкупно 73 дела, од кои 30 дела „полов напад над малолетник кој не навршил 14 години“, 19  дела „силување”, 10 кривични дела „задоволување полови страсти пред друг“,  шест дела  „родосквернавење”, четири  дела „обљуба врз немоќни лице“, две  дела „посредување во вршење проституција“ и по едно кривично дело „подведување и овозможување полови дејствија“ и „прикажување порногравски материјал на дете“. Како покарактеристични би се навеле случајот кога жител на село Лисичани подолг временски период вршел роддосквернавење над својата малолетна ќерка,инаку лице со посебни потреби,при што истата забременила, како и случајот во село Љубанци каде во изнајмен стан таткото во повеќе наврати  сексуално ги искористувал своите ќерки на седум и осумгодишна возраст.   Од Одделот за организиран криминал во првото полугодие од 2009 година се откриени шест кривични дела од областа на насилниот криминал, од кои четири кривични дела „разбојништво„, и по едно кривично дело „изнуда„ и „измама„, како и три кривични дела „фалсификување исправа„ и две кривични дела од областа на недозволената трговија „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости„. Во двата случаи се работи за повеќе предмети од археолошко потекло, со непроценлива вредност, поголема количина метални стари монети,прстени,метални врвови за стрели,статуетки,неолитско камено орадие и други предмети, од кои дел се одземени од 44–годишно лице државјанин на Хрватска, при обид да ги изнесе од државата во патничко возило, а дел од предметите се пронајдени при извршени претреси во домовите кај три лица во Штип,Валандово и Неготино.цр/14:21



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Објавено пред

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.

„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скијач од Словенија повреден на Титов Врв

Објавено пред

Од

Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.

Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми

Објавено пред

Од

Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.

dobivaj vesti na viber

Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.

Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет45 минути

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет50 минути

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет2 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет2 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет2 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет2 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија11 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија12 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ13 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија15 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија17 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија17 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија20 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија20 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија20 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија21 час

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија21 час

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија21 час

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија22 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...