Црна хроника
Самоубиство на притвореник од битолскиот затвор
Управата за извршување санкции (УИС) при Министерството за правда соопшти дека 28-годишниот битолчанец Кире Стисниовски, кој бил притвореник на битолскиот затвор, скокнал од прозорецот на четвртиот кат во Клиничката болница во Битола, со што си го одзел животот
Според соопштението, сега починатиот бил приведен на 1 август во притворското одделение поради тешка кражба, а се стекнал со повреди во делот на десната рака и вилицата при извршување на делото. Тој вчера, со придружба бил однесен на Одделот за максилофацијална хурургија во Битолската болница, каде што бил задржан поради скршеница на вилицата. Денеска по завршување на лабораториските испитувања и прегледи лекарот му препорачал хируршка интервенција, што тој ја одбил, по што лекарот предложил да се врати во притворското одделение во затворот и да се носи по потреба на контроли. Непосредно потоа, се наведува во соопштението, откако лекарот ја напуштил собата, а двајцата надзорници кои биле задолжени за негов 24-часовен надзор, стоеле крај вратата и повикале спроведување до затворот, Стисниовски во еден момент скокнал од прозорецот на четвртиот кат од болницата.На местото на настанот извршен е увид од истражен судија, јавен обвинител, од МВР, известено е семејството како и другите надлежни органи, а даден е и налог на Институтот за судска медицина да се изврши обдукција.УИС ги презема сите мерки за испитување на околностите во врска со смртта на притвореното лице и за утврдување на одговорноста на одговорните лица од затворот. Двајцата надзорници, пак, се суспендирани и против нив ќе се спроведе дисциплинска постапка.На битолчанецот Кире Стисниовски, роден 24 мај 1981 година, на 1 август му била определена мерка притвор поради основано сомнение за кривично дело тешка кражба и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали. Тој бил осудуван и притворан повеќепати, бил наркозависник и повеќепати престојувал во Душевната болница во Демир Капија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

