Црна хроника
Во автомобил изгореа мајка и ќерка близу Валандово
Мајка и ќерка, српски државјанки, загинале во сообраќајна несреќа во близина на Валандово, а возачот, таткото, останал жив, соопштува македонското МВР
На магистралниот пат Скопје – Гевгелија, кај место викано Каменот, валандовско се случи сообраќајна незгода во која патничко моторно возило Фиат Регата со српски регистерски таблички управувано од Н.И.(41), државјанин на Р Србија, од засега неутврдени причини удрило во sидана ограда покрај коловозот. По ударот автомобилот се запалил, а возачот успел да излезе од него. Но двете, сопатнички, неговите сопруга Драгана и ќерка Исидора изгореле во автомобилот.На местото на незгодата извршен е увид од екипа од полициската станица во Валандово, во присуство на Истражен судија и Јавен обвинител од Гевгелија, по чија наредба телата на починатите сопатнички се предадени за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.Возачот Н.И. се здобил со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Гевгелија е пренесен на лекување во Градската болница во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

