Црна хроника
Приведени двајца скопјани за повеќе извршени разбојништва
Припадници на полициската единица „Алфи“ вчера околу 15 часот, непосредно по извршување на кривично дело „разбојништво“, ги фатиле и привеле лицата С.П.(26) и С.С.(23), двајцата од Скопје
Како што соопшти МВР, од преземените мерки и разговорот извршен со нив расветлени се девет разбојништва, од кои две во обид, при што утврдено е дека се стекнале со вкупна противправна имотна корист од околу 60.000 денари. Делата ги извршиле во периодот од почетокот на февруари до крајот на август месец оваа година, на подрачјата на полициските станици „Аеродром„ и „Карпош“, во колонијални продавници, во тобака и во спортски обложувалници, претежно преку ден, маскирани со капи и фантомки и со употреба на пластичен пиштол, при што главно краделе пари и во еден случај цигари. Парите ги трошеле за свои потреби и набавка на наркотични средства, бидејќи и двајцата се наркозависници. Делата ги вршеле по предходен договор за поделба на улогите при вршењето на инкриминираните дејствија, со возило „форд фиеста„ сопственост на мајката на С.П., при што С.П. претежно возел и внимавал надвор, а С.С. маскиран влегувал во објектите и вршел противправно одземање на предметите, по што со возилото заедно бегале од местото на настанот. Фатени се во сабота околу 14:30 часот, набрзо по извршено разбијништво, во колонијалната продавница „Александрија –ОН“, лоцирана на бул.„АСНОМ“, од каде упатувајќи и закани од вработената Н.С. одзеле 8000 денари и со возило побегале. По итната полициска акција се пронајдени со возилото, лишени се од слобода и приведени во полициската станица „Аеродром“,каде во разговор ги признале сите сторени дела. Кај нив се пронајдени и привремено одземени капите-фантомки кои ги користеле за маскирање и пластичен пиштол. Од страна на оштетените извршено е и препознавање на С.П. и С.С. како сторители на ова и на уште едно разбојништво што го извршиле истиот ден, околу 13,40 часот, во дисконтот „Веле-Промет“, лоциран на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“, во ТЦ „Скопјанка“, кое не го завршиле, бидејќи им испаднала рамката од пластичниот пиштол, по што побегнале. Според МВР, С.П. претходно е пријавуван за сторени кривични дела од имотната област.Во врска со сторените разбојништва против С.П. и С.С. во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

