Црна хроника
Истрагата за несреќата на „Илинден“ заглавува?
Не се знае кој е државен инспектор во Охридската капетанија ?Засега никој не може да одговори кој бил задолжен и кој вршел инспекциски надзор врз бродовите кои превезувале патници на Охридското Езеро?
Во истражната постапка за несреќата на Охридското езеро во која загинаа 15 бугарски засега без одговор се неколку прашања: Кој ја сноси одговорноста за несреќата ако Охридската капетанија и нема статус на правно лице;Кој воопшто вршел надзор врз спроведувањето на законот за воден сообраќај и;за кого да се покрене одговорност за несреќата и загинувањето на на 15 лица?До 2007 година кога е донесен новиот закон за воден сообраќај,инспекцискиот надзор врз комплетниот сообраќај во Охридското езеро го вршел дотогашниот капетан на Капетанијата, Златко Клечкароски кој заминал во пензија во 2006 година откако претходно 22 години бил прв човек на државата во водениот сообраќај во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

