Црна хроника
Албанец сакал да поткупи македонски цариник
Албанец му понудил пет евра „бакшиш“ на цариник, а откако бил предупреден дека прави кривично ја фрлил банкнотата низ шалтерот
Во доцните вечерни часови во понеделник, за влез во Република Македонија на граничниот премин Ќафасан за царинска контрола се пријавило патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки, кое го возело албански државјанин од градот Либражд. По извршената царинска контрола од страна на царинскиот работник, при што не биле пронајдени никакви неправилности, патникот му понудил на царинскиот работник парични средства во висина од 5 евра, за како што изјавил „бакшиш“, на што бил опоменат дека не смее ниту да нуди ниту да дава парични средства на службено лице. Игнорирајќи ја опомената, патникот ги фрлил парите низ отворениот шалтер на службениот киоск, кој се наоѓа на влез на граничниот премин. Постапувајќи согласно законските прописи и своите надлежности, царинските работници ги пријавиле парите и патникот во Полициската станица на граничниот премин Ќафасан, за преземање на понатамошни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

