Црна хроника
Запленети над 16 килограми хероин
Македонската полиција во рамки на акцијата „Босфор“ заплени 16, 2 килограми висококвалитетен хероин, соопшти во среда Министерството за внатрешни работи
Според полицијата, групата која се обидувала да продаде поголемо количество дрога, била подолго време следена и со помош на вметнати агенти во вторник биле фатени во обидот да ја пренесат дрогата на Косово.Во акцијата се уапсени се тројца македонски државјани, како и еден државјанин на Турција.На пазарот на големо цената на запленетата дрога достига 170 илјади евра, додека при продажба на мало запленетиот хероин би чинел околу 700 илјади евра.Досега во рамки на акцијата „Босфор“ имаше четири заплени, при што вкупно беа запленети 194 килограми дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

