Црна хроника
Еден загинат во несреќа на патот Градско-Скопје
Едно лице загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Градско-Прилеп, вчера околу 18 часот кога патничко возило „Опел Астра“ се судрило со „Мерцедес“
Возилото Опел Астра со скопски регистерски ознаки било управувано од Александар С.(1985) од Скопје, и патничко моторно возило Мерцедес со велешки регистерски ознаки управувано од Ѓ.С.(1978) од Кавадарци.
Во несреќата починал возачот на Опел Астра Александар, а со тешка телесна повреда се здобила сопатничката во истото возило И.П.(1989) од село Лескоец-Охрид, по што е пренесена во Клинички центар-Скопје.
Сопатниците во Мерцедесот Н.М.(1970), А.С.(1972) и Д.П.(1986) сите од Кавадарци, се здобиле со телесни повреди. Увид на лице место извршиле истражен судија, заменик јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица во Кавадарци. Од незгодата е причинета и материјална штета од околу 200 илјади денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

