Црна хроника
Алфите приведоа осуден убиец кој се криеше во Куманово
Припадници на Посебната мобилна единица за борба против криминалот „Алфа“, во петокот во кумановското село Стрима привеле лице кое е осудено на осум години затвор за убиство
Осуденикот го извршил делото во 2003 г. во скопското село Сингелиќ, кога заедно со братму го убиле Фикрет Муареми и оттогаш бил во бегство. По претходно добиени оперативни информации и сознанија дека 58-годишниот осуденик кој е баран со потерница дошол во домот на неговиот син на улица „Антон Попов“, од страна на припадниците на мобилната единица куќата била опколена и обезбедена, по што „алфите“ упаднале во и го уапсиле, по што бил веднаш однесен во затворот ИДризово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

