Црна хроника
Скопјанец застрелан на Партизанска
Едно лице е тешко повредено и се наоѓа во Градска Болница, каде што според последните информации им подлегнало на пворедите, откако двајца напаѓачи пукале на него на улицата Партизански одреди попладнево нешто по 16 часот (дополнета верзија и ексклузивни фотографии)
Лицето кое што беше застрелано попладнето во Скопје на булеварот Партизански одреди, според неофицијални извори, им подлегнало на повредите.Идентитетот на застреланиот не е познат, а во инцидентот со полесни повреди завршило уште едно лице, кое, наводно било претепано.Двајцата напаѓачи веднаш биле фатени и идентификувани.Неофицијално приведени се Харун Хаџибулиќ и Јасмин Растодир, и двајцата од Скопје.Мотивите за нападот исто така не се соопштени, а според информации од очевидци, меѓу нападнатите и напаѓачите започнала расправија малку по 16 часот во која еден од напаѓачите извлекол пиштол и застрелал едно лице.Според информациите од теренот во моментот на престрелката на булеварот имало многу случајни минувачи.Полицијата за утре најави дополнителни информации за инцидентот кој попладнето ги вознемири скопјани кои се затекнаа на местото на инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

