Црна хроника
Пронајден уште еден бункер со оружје
Полициските единици утрово пронајдоа уште еден бункер со оружје во близина на Блаце, кај местото Бањски рид. Во бункерот било скриено големо количество оружје, снајперка пушка, проектили, зоља и друго оружје
Специјалците во вчерашната акција, по претходно добиени сознанија за локацијата на оружјето, откри складишта оружје полни со фрлачи, ракети, бомби и големо количество експлозив. Косовските медиуми денеска објавија дека косовската полиција уапсила неколкумина за кои постои сомнение дека се вмешани во вчерашната престрелка со полицијата кај граничниот премин Блаце.
Во синоќешната престрелка во граничниот реон кон Косово, македонската полиција се судри со униформирана група која обезбедувала неколку складишта со оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

