Црна хроника
Дали криминалот оди заедно со проблемите на државата?
Голема невработеност, мала понуда на работни места, тешка материјална положба, борбата за преживување, немањето редовен приход и квалитетен живот, се само дел од причините за се поголемата небезбедност на граѓаните, честите вооружени грабежи и убиства, сметаат криминолозите
од Фросина Факова
„Криминалот и стравот од криминалот се сериозни закани за стабилната социјална клима во градовите, одржливиот економски развој, квалитетот на животот и човековите права. Несигурноста влијае на несиромашните уште поинтензивно, ги кине социо-културните врски и води кон создавање на урбани гета и стигматизирани делови во градовите“ смета Марјан Богданоски, професор на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет.Нарушена ли е безбедноста на граѓаните и како ќе се одрази стравот и притисокот од несигурното живеење? Вакви прашања се наметнаа по се позачестените грабежи на банки, кои досега беа без жртви. Но вчерашниот напад на комбето на „Македонија пат“ заврши со убиство.Се почести се и убиствата кои се случуваат за банални причини. Граѓаните не се чувствуваат безбедно. „Секој ден убиства, грабежи“, коментираа тие.Веќе не е новост, колегата да ти впери пиштол во глава. Минатата недела имаше и такви случаи, кога доктор, со 17 убоди на нож, ја закла директорката на Заводот за рехабилитација во Козле. Во четвртокот скопјанец кој бил должен, решеташе од Бутел до Кисела вода.Вчера, пак, две маскирани вооружени лица кај наплатната рампа, „Петровец“ со цел да го ограбат, нападнаа комбе на „Македонија пат“. Возачот не застанал, по што напаѓачите со калашникови во раце го изрешетаа комбето. Совозачот беше убиен, а возачот, ранет возел се со населбата „Автокоманда“. Наместо во полициската станица „Гази баба“ стигнале до блиската експозитура на Стопанска банка, каде побарале помош.Комбето на Македонија пат возело необезбедено. Ова е втор пат да има убиени во грабеж при транспорт на пари, откако пред две години убиено едно лице вработено во Агенцијата за обезбедување „Оса“, кој го обезбедуваше џип на Комерцијална банка. Управата на „Македонија пат“ утре ќе има состанок со службата за пренос на пари за да ги договори понатамошните активности за зголемување на безбедноста на вработените.„Досега не сме побарале обезбедување при транспортот на пари, бидејќи секојдневно пренесуваме и немаме законска обврска за такво нешто. Лицата ги пренесуваат парите по сите законски прописи“ вели Горан Стојковиќ, Директор на „Македонија пат“.Убиениот Горан Илиќ, 20 години работел во „Македонија пат“, како обезбедување со лиценца.Од почетокот на годинава на територијата од Македонија се случиле 13 убиства и девет грабежи на банки, во споредба со минатата година, кога цела година се случиле вкупно 36 убиства и околу десетина грабежи на банки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

