Црна хроника
Женски труп изваден од Вардар во Скопје
Утрово, од водите на Вардар бил изваден женски труп, информира полицијата. Телото било пронајдено и извадено во претпладневните часови, во близина на МАНУ
Случаен минувач околу 11 часот забележал човечко тело како плови во реката и веднаш се јавил во полиција. Екипа на СВР Скопје подоцна успеале да го извадат телото на жената, која според првичните информации била на возраст од 60 до 70 години. Идентитетот на жената не е познати, ниту пак причините за нејзината смрт.Телото е дадено на обдукција, по наредба на истражен судија, откако завршил увидот на местото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.