Црна хроника
Спречен шверц на лекови за импотенција
На граничниот премин Делчево, синоќа за влез во државата се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Софија – Битола
Автобусот бил селектиран за детален преглед, при што во преградата на вратата, од страната на возачот, биле откриени пет кутии со по 60 апчиња од лекот „TRIBESTAN“, соопштија од царинската управа.При понатамошниот преглед, во фабричка преграда, над возачкото седиште, помеѓу личните работи на возачот, биле пронајдени уште 10 кутии, со по 60 апчиња, од истиот лек, или вкупно 900 апчиња.Според упатството, лекот се користел за лекување на намалено либидо, импотенција и неплодност. Возачот и неговиот помошник, двајцата македонски државјани, изјавиле дека лековите ги примиле од непознато лице од Софија, а биле наменети за лице од Битола, кое требало да ги превземе на автобуската станица во Битола.Според Царинската управа непријавената стока е привремено одземена, а против прекршителите ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.

