Црна хроника
Екстрадиран убиецот на работникот на ЕВН во Чаир
Косовските власти вчера го екстрадираа Мухамед Иса во Македонија, осомничен за убиството на Рамадан Рамадани, кое што се случи во Чаир пред околу месец и половина
Косовската полиција го уапси Мухамед Иса кај селото Шурдан, три дена по убиството во обид илегално да ја премине границата.На 24 април, Мухамед Иса го застрела Рамадан Рамадани додека овој пише кафе во пицеријата „Белисима“, лоцирана на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир. По убиството сторителот избегал од местото на настанот.во скопска. Причина за убиството на Рамадани кој беше вработен во ЕВН, поради тоа што ја исклучил струјата во чајџилницата на Иса.По убиството, Иса избега на Косово, а полицијата го уапси неговиот татко Екрем Иса и му поднесе кривична пријава за недозволено поседување на оружје.Иса досега немал полициско досие, но неговиот татко Екрем бил обвинет и осудуван на затворски казни.Името на дваесет и двегодишниот Мухамед Иса беше дел од списокот на македонски криминалци кои се кријат на Косово, кој македонското МВР му го предаде на косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи, за време на неговата посета во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

