Црна хроника
Велешани згрозени од монструазниот чин на својот сограѓанин
Граѓаните бараат најстрога казна за сторителот а институциите да спречат вакви злоупотреби на деца во иднина
од Дијана Иванова, од ВелесДодека полицијата утврдува кој ја говори вистината велешани со осуда за грозоморниот чин.„Не знам ова е нешто страшно, мислам дека би требало да се казни со најстрога казна.Жално е што ова му се случува на Велес. Тоа може да го направи некој дрогираш, манијак или пијаница“.„Најстрого го осудувам овој чин и верувам дека институциите на системот ќе изнајдат максимална казна што може да ги спречи понатамошните вакви постапки од страна на родителите но и други луѓе“, велат анкетираните граѓани.Некој го сторил делото. Децата се злоставувани, тие имаат психолошки трауми. Психолозите велат дека за развој на една здрава личност пресуден е периодот од 4 до 6 година на детето. Во овој случај две од децата во тој перид доживувале страшни трауми.„Во оваа ситуација другиот ропдител треба да делува, треба да се ослободат граѓаните и да ги пријавуваат ваквите случаеви. Да бараат помош од стручни и специјализирани лица“, рече м-р Асен Прличков, психолог.Сторителот или сторителите на грозомирниот чин ќе се откријат. Но што да се направи во иднина ваквите случаеви да не се повторат. Ако пред една година велешани се згрозуваат од делото кое го стори богомилчанецот врз својата керка и нејзината другарка , и на 78 годишниот педогил сега се прашуваат што следно може да направи болниот човечки ум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

