Црна хроника
Двете штипјанки пријавиле обљуба од уште двајца возрасни мажи
Двете малолетнички од Штип, кои вчера обвинија дека шеесет и петгодишен бизнисмен им плаќал за да има секс со нив, не се гледале само со него
Во полиција пријавиле дека сексуално ги злоставувале и четириесет и двегодишен штипјанец и шеесет и тригодишно лице од Кочани. Штипјанецот, како што пријавило едно од девојчињата, во јануари оваа година сексуално го злоставувал во неговиот автомобил шкода Октавија на излезот од Штип кон Велес.Кочанчанецот, пак, го злоставувал другото девојче во јули 2010 година. Кога се случувало тоа и двете немале наполнето 14 години. Пред два дена во штипската полициска станица двете девојчиња го пријавиле случајот задно со своите родители. Двајцата осомничени биле викнати во СВР Штип. Едниот појаснил дека ги познава оштетените, дека имал контакти со нив и дека им давал пари, сим картички и кредит, но негирал дека врз нив извршил обљуба. Другиот приведен се бранел со молчење. Двајцата се предадени на истражен судија во Штип за понатамошна постапка со кривична пријава за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор
Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.
По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело „лихварство“
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

