Црна хроника
Тешка сообраќајка, тројца загинати на патот Велес – Штип

Три лица загинаа, а пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнево на магистралниот пат Велес –Штип, кај село Лозово, информираат од МВР
Според првичните информации, во судирот учествувале товарно моторно возило марка „Там“ со струмички регистерски таблици и патничко моторно возило „Форд ескорт“. Според првичните сознанија при сударот на товарно моторно возило марка „Там“ со струмички регистарски таблички и патничко возило „форд ескорт“ со бугарски регистарски таблички на самото место загинале две лица додека едно им подлегнало на повредите при транспортот кон Велешката болница. Тројца од повредените, од кои едно дете, поради сериозноста на повредите се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Голема сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево: се судрија пет мотори и четири автомобили, тешко повредени четири лица

Четири лица се тешко повредени, а уште двајца се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, а во која учествувале пет мотоцикли и четири автомобили.
Вчера во 15 и 50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.З.(22) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(22) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ управуван од Ј.Д.(34) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(18) од Скопје, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Ј.(25) од Струга, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.Г.(49) од Република Турција, патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И.К.(34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистите Д.П.,И.З.,П.Б. и М.Т., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Украдени две бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Заталкано зрно од оружје пронајдено во угостителски објект во Чаир

Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје, Б.В.(33) од Скопје пријавил дека на покриената тераса од угостителски објект на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.