Црна хроника
Идентификувани тројцата загинати во тешката сообраќајка кај Лозово
Идентификувани се лицата коишто вчера попладне го изгубија животот во тешката сообраќајна несреќа, што се случи на магистралниот пат Велес – Штип, кај село Лозово, информираат од МВР
Се работи за деветнаесетгодишниот Александар Тодоров, дваесет и тригодишниот Јонче Иванов, двајцата од селото Лозово и дваесет иосумгодишниот Александар Георгиев од Велес.Сите тројца се наоѓале во автомобилот „форд ескорт“. Возачот на автомобилот и десетгодишното момче кои се наоѓале во истиот автомобил се здобиле со тешки телесни повреди и се наоѓаат во скопскиот Ургентен центар. Тројцата патници од товарното возило „фолксваген“ се на лекување во велешката болница. Сообраќајката се случи во средата доцна попладне во близина на селото Лозово. Товарното возило во моментот кога престигнувало друго товарно возило со влекач удрил во „форд ескорт“. На лице место загинаа двајца, а уште едно лице загина на пат кон болница. Уште една сообраќајка се случи утрово во скопската населба Аеродром. „Голф“-от удрил во единаесетгодишно момче кое ја преминувало улицата на пат кон училиште. Тешко повреденото дете се наоѓа во Градска болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.