Црна хроника
Скопјанец починал во резервоар со гас
Скопјанец починал откако претходно му се слошило додека проверувал резервоар со гас на бензинска пумпа во Гевгелија, информираат од МВР
Триесет ипетгодишниот Марјан Вељановски кој бил вработен во скопската фирма „Тега Инженеринг“ во средата околу 17 часот влегол во просторијата три до четири метри под земја, каде бил сместен резервоарот со гас на бензинската пумпа „Тони петрол“ во село Негорци за да го провери.По кратко време му се слошило, а колегите се обидувале да го извлечaт со јаже, но не успеале.Противпожарната служба го извлекла Вељановски и во бесознание бил пренесен во Медицинскиот центар, каде по кратко време починал, но сè уште не се утврдени точните причини за смртта. Телото е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

