Црна хроника
Повредените средношколци и професорот во стабилна состојба
Повредените средношколци и професорот кои денеска беа примени во Ургентниот центар по крвавиот инцидент во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ се наоѓаат во стабилна здравствена состојба
„Едно од децата има рана на главата, која му е санирана, а професорот има убодна рана во грбот. Се очекува децата, а и професорот да бидат за брзо пуштени на домашно лекување“ изјави за директорот на Ургентниот центар Реџеп Селмани.Четворица средношколци и еден професор денеска на пладне беа повредени, кога неколкумина маскирани лица упаднаа во средното хемиско училиште „Марија Склодовска -Кири“ на улицата трета Македонска бригада, соопштија од СВР Скопје.Според нивните информации, лицата со ножеви и шипки упаднале среде час во училиштето и започнале да се расправаат со дел од средношколците кои биле на настава. Професорот кој се обидел да ги раздели завршил со убод од нож.Приведени има, но од СВР Скопје засега немаат точни податоци колку мина се приведени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.