Црна хроника
Уште четворица идентификувани за инцидентот во хемиското училиште
Полицијата идентификуваше уште четири лица вклучени во инцидентот којшто вчера се случи во средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“, соопштуваат од МВР
„Полицијата трага по нив и работи на утврдување и на други лица кои биле вклучени во инцидентот. Во интерес на истрагата не откриваме од каде се лицата“ велат во МВР.Маскираните лица вооружени со ножеви и шипки во понеделникот половина час по пладне упаднаа во училиштето и започнале да се расправаат со дел од средношколците кои биле на настава.Професорот по физичко воспитување кој се обидел да ги раздели завршил со два убода од нож.Повредените средношколци и професорот кои беа примени во Ургентниот центар се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.Вчера беа приведени четири лица од скопското село Орланци, кое се наоѓа во близина Арачиново. И повредените средношколци и приведените лица, се на возраст од 17 и 18 години.Според првичните информации,мотив за крвавиот инцидент во хемиско била девојка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.