Црна хроника
Доживотна казна затвор за Тони Денковски
На доживотна казна затвор денеска е осуден Тони Денковски, извршителот на тројното убиство во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во скопската населба Аеродром
Судскиот совет го прогласи за виновен за кривичното дело убиство и недозволено држење и управување со оружје.За кривичното дело убиство, Денковски доби доживотна затворска казна, додека за второто обвинение, беше осуден на пет години затвор.Судскиот совет ја одреди максималната казна бидејќи сметал дека во овој случај немало олеснителни околности.Денковски останува во притвор сè до правосилноста на пресудата.Обвинетиот без многу емоции ја дочека доживотната казна, вознемиреност и солзи беа забележани кај неговото семејство.Одбраната на обвинетиот најави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Според адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, направени се низа пропусти без да се утврди фактичката состојба.„На две рочишта е донесена пресудата, што докажува до каде е нашето судство“, рече Давидовиќ.Денковски, лани на почетокот на септември, со автоматско оружје ги уби Јордан Јорданов – Ркулот кој бил член на „Франкфуртската мафија“, Влатко Андревски и Владо Милошев вработен во Шестата управа во МВР.Влегол во рибниот ресторан каде тројцата седеле на иста маса и ги изрешетал, по што побегнал од местото на убиството. По неколку дена сам се пријавил во полиција. Од тогаш мотивот за убиството никој не го соопшти, а Денковски во истрага молчел.Според првичните сознанија на истрагата се работело за голем долг кој Денковски не можел да го подмири заради што имал големи притисоци од убиените.Во текот на судскиот процес Денковски тврдел дека бил под притисок и закани за животот на неговите деца и токму поради тоа пукал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

