Црна хроника
Уапсени родителите кои напaднаа обвинителка во судница
Припадниците на полициската единица „Алфи“ во четвртокот навечер ги уапсија родителите кои ден претходно ја нападнаа обвинителката Џулијана М. во просториите на Апелациониот суд, каде се работат предметите од Основниот
Инцидентот се случи во средата откако обвинителката Џулијана М., не дала согласност обвинетиот, син на сега приведените, да излезе од установата за малолетници, каде што бил на одлежување казна за двојно убиство, по што и судијката донела одлука тој да остане таму. Мајката се налутила и скокнала кон обвинителката. Ја фатила за коса, ја легнала на подот и почнала да ја клоца со нозете. Во судницата немало присуство на судска полиција и обезбедување. Родителите излегле од судницата каде ги пречекале полицајци кои биле дојдени за друг судски процес. Обвинителката искубана и со модрици по телото станала од подот и во прв момент не сакала случајот да го пријави во полиција. Но судијката веднаш ги алармирала надлежните во матичниот суд и во Апелациониот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

