Црна хроника
Уапсен Кољо Дијаманто – осомничен е за силување на дете
Полицијата го приведе Николас Константинидис, познат како Кољо Дијаманто под сомнение дека извршил полов напад врз дете, соопштуваат од полицијата
Според нивните информации, Кољо Дијаманто во вторникот меѓу 15 и 15:30 часот, во просториите на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен намамил десетгодишно дете да влезе во објектот во санитарниот јазол и таму започнал да врши полови дејствија.Детето успеало да се оттргне од него и да побегне. И кажало на неговата мајка која случајот го пријавила во полиција. Кољо Дијамантот кој работел како чувар во Домот на културата бил уапсен и изведен е пред истражен судија, кој му одредил триесет дневен притвор. Против него ќе следува и кривична пријава.Триесет идевет-годишниот Кољо Дијаманто ќе одговара за тешко дело според Кривичниот законик односно за делото „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Како што се дознава Битолското обвинителство веќе поднело кривична пријава.„Имено вчера околу 17.15 минути во полициската сатница од општа надлежност во Ресен, од страна на 32-годишна битолчанка, која во моментот престојувала во Ресен, е пријавено дека врз нејзиниот десет-годишен син е извршен половиот напад врз детето“, рече Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.По пријавата и разговорите со пријавителката и детето, полицијата тргнала во откривање на сторителот.„во вторникот терминот меѓу 15.00 и 15.30 минути во просториите на Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен пријавениот којшто е таму вработен како чувар, откако го наговорил да влезе во објектот, го однел 10-годишното дете во санитарниот јазол и таму започнал да врши полови дејствија врз него. Во еден момент детето успеало да се оттргне од пријавениот и да избега надвор од објектот“, додаде Стрезовски.Дијаманто бил пронајден и приведен во Ресен каде е задржан до целосното документирање на настанот. За настано биле известени и битолски истражен судија и обвинителство.„Откако во присуство на родител се извршени неопходните разговори, оштетниот е однесен во Здравствениот дом во Ресен со цел да се изврши медицински преглед. Истоимено известен е и Центарот за социјални работи во Ресен, чиј претставник присуствуваше при обавувањетона разговоите и расчистувањето на настанот“, дополни Стрезовски.Кољо Дијаманто и е познат на македонската јавност по тоа што им се претставуваше како грчки новинар на челниците на ДУИ. Неговото претходно име е Никола Михајловски сега Николас Константинидис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола
Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, а од нив двајца малолетници.
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четири лица во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола затоа што управувале возило без возачка дозвола.
– Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои дејствија. Одземени се патничките возила и на другите возачи кои возеле без возачка дозвола, соопшти МВР.
По еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила. По еден возач во Македонска Каменица, гевгелиско, Струмица и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјални штети.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите МВР најавува дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.
Црна хроника
Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник
17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола,
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош.
СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и покрај тоа што сѐ уште немал возачка дозвола.
Според насоките од јавниот обвинител, 17-годишникот бил приведен, а возилото одземено.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.

