Црна хроника
Откриени разбојниците што украдоа речиси 2 милиона денари од „Еуротабак“
Тетовската полиција ги откри разбојниците кои минатиот петок од компанијата „Еуро-табак“ успеаја да украдат 1.725.380 денари
Против седумчлената група поднесени се кривични пријави за разбојништво и за помагање под сомнение дека извршиле грабеж во фирмата. Истражен судија од Гостивар им одреди 30 дневен притвор. Двајца од нив се во бегство.Меѓу пријавените е и еден од вработените кој го пријави инцидентот во полицијата. Според досегашните сознанија токму тој го организирал грабежот во кој беа вклучени уште три лица, информираат од МВР.Четворица од пријавените се осомничени како директни извршители на разбојништвото. Тие претходно се договориле да набават се што е потребно за да можат да го украдат дневниот промет од „Еуротабак“. Меѓу нив е и вработениот кој ја алармираше полицијата за настанот. Тој останал на работното место, најверојатно за никој да не се посомнева во него дека е дел од групата.Останатите тројца се пријавени дека подоцна на различни начини им помагале на крадците да ги сокријат украдените пари и предметите што ги користеле при грабежот.Пронајдени се и дел од парите. Полицијата пронашла околу милион денари. Биле скриени во гардеробата и апаратите за домаќинство на осомничените
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

