Црна хроника
Седум деца повредени во судир на комбе и камион кај Делчево
Седум деца се повредени при судир на училишно комбе и камион кој бил натоварен со руда, на седум километри од Делчево, кај местот Баткова Чешма, јави Канал 5.
Сообраќајката се случила околу 14 часот, кога учениците кои оделе од петто до осмо одделение во основното училиште „Ванчо Прке“ во Делчево, со комбето си оделе во домовите во селата Бигла, Драмче, Турија и Илиово.
Камионот натоварен со руда удрил во комбето, од што децата се здобиле со исекотини од искршеното стакло и со контузии на главата.
Освен учениците во комбето имало и двајца возрасни кои исто така се здобиле со повреди. Комбето било многу оштетено, но децата се здобиле со полесни повреди.
Според непотврдени информации на телевизијата, возачот на камионот веднаш по несреќата избегал, но бил пронајден доцна попладнево во Делчево./крај/к5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

