Црна хроника
Се удави 15 годишно дете во Дебарско Езеро
Во средата попладне околу 16 часот во водите на Дебарското Еезеро се удави малолетникот И. В . од Дебар на 15-годишна возраст.
Според очевидци трагедијата се случила во водите на езерото во месноста викана Плажи, каде што има и голема фреквенција на капачи.
Надлежните институции ги започнаа активностите за потрега по телото на малолетникот, кој деновиве заврши основно училиште ие беше полуматурант во основното училиште „,Саид Најдени“ во Дебар./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пукна плинска боца приклучена со греалка – скопјанка со изгореници префрлена во болница
Плинска боца приклучена со греалка пукнала вчера во Скопје, пришто 45-годишна скопјанка се здобила со изгореници.
Од МВР информираа дека жената е префрлена во Градската општа болница Свети Наум Охридски.
Припадниците на полицијата стигнале на местото на настанот.
Црна хроника
Со возило излетале на патот кон Пробиштип, тешко повредена сопатничката
Вчера во 15.20 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неокази кон Пробиштип, патничко возило „форд“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(65) од Пробиштип, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(66) од Пробиштип, констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Почина 56-годишна жена, излетала со возилото на пат во Гевгелиско
Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка с.Прдејци до клучка с.Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот.
Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.