Црна хроника
Разбиена криминална група што фалсификувала документи
Вкупно 18 лица заработија кривични пријави за злосторничко здружување и фалсификување исправа откако по повеќемесечна меѓународна истрага е откриена група што фалсификувала разни видови документи.
Се работи за 17 македонски и еден косовски државјанин, кои набавувале и фалсификувале странски патни исправи, лични карти, возачки дозволи, осигурителни картички, дипломи, а изготвувале и документи и исправи од институциите на Македонија.
Групата подолг временски период се занимавала со набавување различни странски и домашни документи, односно оригинални важечки документи и бланко обрасци, на кои потоа по претходен договор со лица – посредници од повеќе земји во регионот и земјите на ЕУ, со употреба на специјална опрема вметнувале податоци и фотографии од лица „нарачатели“ на фалсификуваните документи.
Криминалната група имала добро разработен начин на делување, така што по остварени телефонски контакти, лични средби и договори посредниците електронски доставувале фотографии и податоци за лицата за кои биле наменети фалсификуваните документи и видот на документот кој треба да биде изработен, а согласно на видот и квалитетот на фалсификуваниот документ била определувана и цената која се движела од 100 евра до 3.500 евра.
Во текот на недела во рамки на акцијата „Кондор“, биле извршени претреси во Скопје, сопственост на дел од пријавените лица, при што се пронајдени опрема и средства кои биле користени за изработка на фалсификуваните документи: шест компјутери, еден Лап Топ компјутер, 84 бланко картички, фолии за пластифицирање, фалсификувани косовски дипломи, специјални лупи, машина за пластифицирање, бланко фолии, фотографии и фотокопии од документи од лица, десет принтери, едно УСБ, фотографии од лица и други предмети.
Дел од припадниците на организираната група и претходно се пријавувани за различни кривични дела, додека еден од нив треба да издржува и десетгодишна казна за сторено кривично дело убиство. Целата група, според оперативните сознанија на полицијата, подолг период наназад, во изминативе десетина години се занимавала со фалсификување на документи.
Уапсени се вкупно 12 членови на групата на возраст од 21 до 62 години од Скопје и Прилеп, додека шест од нив не се достапни за полицијата.
Акцијата „Кондор“ е спроведена по повеќемесечна меѓународна истрага со полициските служби од земјите од регионот (Косово, Црна Гора, Бугарија) како и полициите на Австрија, Холандија и други земји, а во координација со ЕУРОЏАСТ и СЕЛЕК центарот во Букурешт. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

