Црна хроника
Силен ветар во Скопје предизвика помали пожари
Невреме во Скопје, со силен ветар што траеше десетина минути, предизвика повеќе мали пожари на повеќе локации на територијата на Скопје и околината.
„Пожарникарските екипи се на терен и не дозволуваат да се прошират и да предизвикаат поголеми штети. Наши екипи се на терен во Волково, селото Орман, Студеничани, Драчево… Исто така, во централното подрачје на СКопје имаше помал пожар зад салата „Расадник“, но и на други локации во градот. Речиси целата чета на пожарникари е на терен, кои ја држат ситуацијата под контрола“, изјави за Макфакс, Благоја Менковски, командир на Противпожарната единица.
Според него, ветрот изгуби на јачина па полесно им е на пожарникарските екипи да се справуваат со состојбите на терен.
Како што рече Менковски, пожарите се предизвикани од инсталации, искинати кабли за струја, но и од сите други можни причини/крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

