Црна хроника
Заскитан куршум повреди девојка на свадба во тетовско Камењане
Дваесет и осумгодишна девојка од Мала Речица и 11-годишно девојче од населбата Дреновец, Тетово се повредени во понеделник попладне при пукање на свадба во тетовското село Камењане, соопшти МВР.
Девојката била однесена во болница со рана во пределот на десната страна од вратот, а девојчето имало огреботина во левата шака.
Во понеделникот попладне во домот на педесет и тригодишен жител на Камењане имало свадба.
Сопственикот на куќата зел пиштол и излегол на терасата од куќата и почнал да пука. Но куршуми удриле во таванскиот дел од терасата, се одбиле и ги повредиле девојките.
Екипа на СВР Тетово извршила увид на лице место и пронашла повеќе фрагменти од проектили, три чаури од пиштолска муниција и една чаура од пиштол за светлосна и звучна сигнализација.
Пукачот е приведен, а неговиот пиштол кој го поседувал без дозвола е одземен./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

